• вторник, 05 ноември 2024

Кирил Петков: Во Бугарија нема независно обвинителство

Кирил Петков: Во Бугарија нема независно обвинителство
Софија, 19 март 2022 (МИА) -   Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска на состанок на Советот на министри изјави дека во Бугарија нема независно обвинителство. - Повторно се соочуваме со апсолутна саботажа од Обвинителството на Република Бугарија под раководство на Иван Гешев, изјави бугарскиот премиер - Се прикриваат обвиненија што лесно можеме да ги најдеме. Информациите добиени од изнуденото лице се прикриваат и игнорираат, за да не се спроведе законска истрага, нагласи Петков. Наводите на Петков доаѓаат откако поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, беше приведен 24 часа во специјална операција во четвртокот доцна навечер, заедно со Севделин Арнаудов од службата за односи со јавноста на Борисов и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов. По ослободувањето, од државното обвинителство изјавија дека немаат доволно податоци за нивно приведување како обвинети. зш/

Остани поврзан