• петок, 17 мај 2024

Кирби: САД поддржуваат хуманитарен прекин на огнот

Кирби: САД поддржуваат хуманитарен прекин на огнот

Вашингтон, 27 октомври 2023 (МИА) – САД поддржуваат паузи во непријателствата помеѓу Израел и Хамас за да се дозволи достава на помошта во Газа, соопшти денеска Белата куќа, во момент кога израелската армија ги интензивираше нападите врз Газа со најави за голема копнена операција.

Ние би поддржале хуманитарни паузи за влегување, како и за излегување на луѓето, како и дотур на гориво и враќање на електричната енергија, истакна портпаролот на американскиот Советот за национална безбедност Џон Кирби. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан