• недела, 22 декември 2024

Кирби: Нема објаснување за руската употреба на хиперсонични ракети

Кирби: Нема објаснување за руската употреба на хиперсонични ракети

Вашингтон, 23 март 2022 (МИА) - САД не разбраа зошто руските вооружени сили одлучија да употребат хиперсонична ракета за време на инвазијата врз Украина, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Кирби за време на прес-конференцијата потврди дека во најмалку еден случај била истрелана руска хиперсонична ракета.

„Интересно е што тоа го избраа во нападот врз фиксната градба. Кога ќе го погледнете опсегот на хиперсонични проектили и релативно блиската цел, тешко е да се знае кое е точното оправдување за тоа“, рече Кирби.

„Нејасно е кои биле нивните намери“, додаде портпаролот на Пентагон.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков претходно изјави дека руските сили користеле хиперсонични ракети „Кинжал“ во напад на големо складиште за гориво во регионот Николаев во Украина. паг/

Остани поврзан