• среда, 13 ноември 2024

Кипар ја враќа задолжителната маска на затворено

Кипар ја враќа задолжителната маска на затворено
Никозија, 6 јули 2022 (МИА) – Од петок на Кипар се враќа задолжителната маска во затворените простори, откако кипарската Влада на денешната седница го прифати предлогот на Министерството за здравство за враќање на конкретната мерка, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката доаѓа поради зголемениот број случаи на Ковид-19 во изминатите денови, а според податоците од Министерството за здравство на Кипар од 25 јуни до вчера биле регистрирани 19.503 позитивни случаи од вкупно 147.623 тестови со 13 отсто стапка на позитивност. Од Министерството соопштуваат дека маската ќе биде задолжителна за сите над 12 годишна возраст, а за непочитување на мерката предвидена е казна од 300 евра. ср/

Остани поврзан