• четврток, 21 ноември 2024

Кипарското прашање во фокусот на средбата Христодулидис – Коста во Никозија

Кипарското прашање во фокусот на средбата Христодулидис – Коста во Никозија

Никозија, 23 октомври 2024 (МИА) – Поддршка за Кипар и за напорите на генералниот секретар на ОН за надминување на, како што рекол, оваа ситуација на Кипар и желба двете заедници да постигнат добар резултат, изразил новоизбраниот претседател на Европскиот Совет Антонио Коста за време на неговата посета на Никозија и средбата со кипарскиот претседател Никос Христодулидис, соопштија од Канцеларијата за информации и медиуми на кипарската Влада, јави дописничката на МИА од Атина.

Коста е во работната посета на Кипар како дел од неговата турнеја во земјите-членки на ЕУ во пресрет на преземањето на должност на 1 декември со цел да разговара со лидерите за методите и приоритетите на новиот циклус на Европскиот совет.

Христодулидис и Коста остварија билатерална средба во Претседателската палата, следеше прошетка во Никозија во близината на т.н. зелена линија, а потоа имаа и работен ручек, а кипарското прашање, приоритетите на ЕУ и на Кипар, како и миграцијата биле темите за кои разговарале.

На почетокот на средбата Коста му се заблагодари на Христодулидис за поддршката и, меѓу другото, рекол дека „живееме во време на предизвици, но имаме многу амбициозна агенда и заедно ќе ја поставиме оваа агенда на пат за имплементација и за тоа сум тука“, а паралелно посочил дека го очекува и кипарското претседателство во 2026 година, порачувајќи „заедно ќе бидеме посилни“.

Христодулидис го информирал за последните случувања во кипарското прашање по неформалната вечера во седиштетот на ОН во Њујорк и се повикал на одлуките на Европскиот совет од минатиот април, според кои секој напредок во евро-турските односи е јасно поврзан со напорите за решавање на кипарскиот проблем. ср/ссм/

Фото: Канцеларијата за информации и медиуми на кипарската Влада

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан