• сабота, 23 ноември 2024

Кипарскиот претседател ја откажал средбата со Лавров во Њујорк

Кипарскиот претседател ја откажал средбата со Лавров во Њујорк
Никозија, 22 септември 2022 (МИА) – Поради обраќањето на Путин и насоките од ЕУ да се избегнуваат контакти со Русија, планираната и договорена средба на кипарскиот претседател Никос Анастасиадис со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Њујорк, била откажана од страна на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на кипарската Влада Мариос Пелеканос говорејќи за кипарското државно радио, објасни дека средбата на маргините на Генералното собрание на ОН, што требаше да се одржи синоќа, била договорена одамна, меѓутоа, според, била откажана поради обраќањето на претседателот на Русија Владимир Путин. Пелеканос рече дека по изјавите на Путин во врска со Украина, донеле одлука да ја откажат средбата, а исто така биле земени предвид и насоките од Европската Унија за избегнување на билатерални средби со Русија. ср/

Остани поврзан