• петок, 10 мај 2024

Кин: Фернандеш не е за капитен на Манчестер јунајтед

Кин: Фернандеш не е за капитен на Манчестер јунајтед

Манчестер, 30 октомври 2023 (МИА) - Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рој Кин смета дека Бруно Фернандеш не треба да биде капитен на тимот.

- Дефинитивно би му ја одземал капитенската лента од Бруно Фернандеш. Цело време се жали. Се нешто му пречи. За мене тој е сосема спротивно од она што треба да биде капитен, изјави Кин за „Sky Sports“.

Дваесет и деветгодишниот Португалец летово стана капитен на Јунајтед. Претходно, тренерот Ерик тен Хег, му ја одзеде капитенската лента на Хари Мегваер.

Оваа сезона Фернандеш одигра 13 натпревари во сите натпреварувања, постигна два гола и беше творец на три асистенции. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан