• среда, 15 мај 2024

Кин: Сезоната на Арсенал ќе биде кошмар ако заврши на второто место, клубот е веќе елиминиран од сите купови

Кин: Сезоната на Арсенал ќе биде кошмар ако заврши на второто место, клубот е веќе елиминиран од сите купови

Лондон, 17 април 2023 (МИА) – Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рој Кин верува дека второто место во Премиер лигата ќе биде неуспех за Арсенал.

 

„Топчиите“ имаат четири бода предност пред Манчестер сити, додека „граѓаните“ имаат натпревар помалку и на 26 април ќе бидат домаќини на лондонци.

 

- Второто место за Арсенал во никој случај нема да биде успех. Тие цела сезона се на врвот на табелата и евентуално губење на првото место на крајот би значело кошмар за нив. Сезоната ќе биде страшна. Клубот веќе е елиминиран од сите куп натпреварувања. Пред една недела имаа 2:0 против Ливерпул и не победија, исто се случи вчера со Вест Хем. Мислам дека сега повеќе психолошка предност има Манчестер сити со оглед на искуството на нивните играчи, изјави Кин.

 

Арсенал има 74 бода на врвот во премиерлигашкиот поредок, Манчестер сити е втор со 70 и натпревар помалку. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан