• петок, 05 декември 2025

Кин: Овој Манчестер јунајтед нема карактер

Кин: Овој Манчестер јунајтед нема карактер
Манчестер, 8 август 2022 (МИА) - Поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Рој Кин, ги искажа своите впечатоци по изданието на „црвените ѓаволи“ во 1. коло од Премиер лигата. - Проблемите остануваат исти. Истите ликови, истите личности, особено во средниот ред. Тимот има талентирани играчи, но кога имаат неуспеси, не се справуваат со нив. Не гледам личности и карактер во Манчестер јунајтед, изјави Кин за „Скај Спортс“. Манчестер јунајтед вчера загуби од Брајтон со 1:2 во натпревар од 1. коло на англиската Премиер лига. Во новата сезона тимот го предводи тренерот Ерик тен Хаг од кого се очекува да го врати Јунајтед помеѓу најдобрите во англискиот и европскиот фудбал. зс/

Остани поврзан