• петок, 22 ноември 2024

Кино на отворено во Македонска Каменица

Кино на отворено во Македонска Каменица
Македонска Каменица, 22 август 2022 (МИА) - Во организација на Културно-информативниот центар ,,Романса" во Македонска Каменица започнаа кинопроекциите во рамки на проектот ,,Кино на отворено". Настанот кој се реализира во Паркот на рударите е дел од  Каменичко културно лето 2022.
-Вечерва премиерно на репертоарот беше прилажан детскиот игран филм ,,Стакленото момче“. Ова е прва наша ваква активност, а кино претставите продолжуваат во текот на следните два дена, истакнаа од КИЦ ,,Романса".
Кинопроекциите како што додадоа продолжуваат утре со играниот филм ,,Подобри си го животот".
-Последната кинопроекција е закажана за 24 август 2022 година на истата локација каде ќе биде прикажан документарниот филм "Последниот Македонец" - Патот до истребување, во режија на Илија Пиперковски и во чест на скоро починатиот македонски актер Митко Апостоловски, додадоа организаторите.
Во случај на влошена временска состојба од КИЦ ,,Романса" најавија дека кинопроекциите во наредните два дена ќе се одржат во киносалата во М.Каменица.вс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан