• недела, 22 декември 2024

Кинеско МНР: Ја поддржуваме Србија во водењето на независна политика

Кинеско МНР: Ја поддржуваме Србија во водењето на независна политика
  Белград, 9 април 2022 (МИА) - Помошникот министер за надворешни работи на Кина и портпаролка на кинескиот МНР Хуа Чунјинг соопшти дека Кина силно ја поддржува Србија во донесувањето одлуки врз основа на фундаменталните интереси на земјата и нацијата, јави дописникот на МИА од Белград. -Ние се спротивставуваме на надворешните сили кои вршат политички притисок врз суверените земји и се спротивставуваме на принудувањето на другите земји да застанат на страната на едната страна, напиша Хуа на Твитер. Таа наведе дека кинескиот државен советник и министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ изјавил дека Кина силно ќе ја поддржи Србија во зачувување на нејзиниот суверенитет, територијален интегритет, националното достоинство и во водењето на независна надворешна политика. Селаковиќ вчера телефонски разговараше со Ванг Ји, при што порача дека Србија е горда на своето челично пријателство и сеопфатното стратешко партнерство со Кина и дека е подготвена дополнително да ја зајакне соработката во сите области. oб/

Остани поврзан