• петок, 22 ноември 2024

Кинески научници развија човечки бубрег од свински ембриони

Кинески научници развија човечки бубрег од свински ембриони

Пекинг, 7 септември 2023 (МИА) – Научниците од институтот во кинескиот град Гуангжу успеаја да развијат бубрежно ткиво со претежно човечки клетки од свински ембриони, што го отвори патот за „производство“ на органи за донирање.

Тимот, предводен од Лиангзуе Лаи од Институтот за биомедицина и здравје, ја објави студијата во научното списание Cell Stem Cell.

Нивната работа зависела од „гасење“ на гените SIX1 и SALL1 во ембрионите со помош на Crispr/Cas – алатка која често се опишува како генетски ножици.

Тоа значи дека ембрионите не развиле свински бубрег и дека е формирана празнина во која се вметнати т.н. „плурипотентни“ човечки матични клетки од папочната врвца.

Така развиените бубрези содржеле повеќе од една третина свински клетки, што може да доведе до отфрлање во случај на трансплантација, велат научниците кои нагласуваат дека процедурата допрва треба да се подобри. јт/

Фото: Cell Stem Cell

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан