• понеделник, 01 јули 2024

Кинески инженери тестираа нови хиперсонични ракети

Кинески инженери тестираа нови хиперсонични ракети

Пекинг, 8 јули 2022 (МИА) - Тим инженери од кинескиот Северозападен политехнички универзитет (СПУ) успешно лансираше пробна ракета, со што верификуваше неколку нови технологии што ќе се користат на хиперсоничните ракети.

Научниците притоа соопштија дека ракетата наречена „Фејтaјен-1“ е опремена со мотор што согорува керозин и забрзува до хиперсонична брзина без да користи штетно гориво, како што е течен водород. Технологиите тестирани на оваа ракета може да се користат и за изградба на вселенски бродови, а тоа нуди нови можности за повеќекратна употреба на авиони, ракети и вселенски летала кои можат да летаат и во воздухот и во Вселената. „Фејтајен“ се нарекуваат и вселенските одела што ќе се користат на новата кинеска вселенска станица. Називот, инаку, се однесува на будистички божици кои летаат на небото, а на современиот кинески јазик тоа значи и летање, без будистички контекст.  си/ми/

Остани поврзан