• сабота, 18 мај 2024

Кинески воен набљудувачки балон, бродови и авиони забележани во близина на Тајван

Кинески воен набљудувачки балон, бродови и авиони забележани во близина на Тајван

Тајпеј, 8 декември 2023 (МИА) - Во Тајванскиот теснец е забележан кинески воен набљудувачки балон, како и одреден број воени авиони и бродови, соопшти денеска Министерството за одбрана на Тајван.

Во соопштението се наведува дека балонот поминал југозападно од северниот пристанишен град Килунга, а потоа продолжил на исток пред да исчезне, најверојатно во Пацификот.

Тајван претходно се закани дека ќе соборува балони од овој тип, но забележаниот балон бил само набљудуван како лета на височина од приближно 6.400 метри.

Според извештаите, забележани се и 26 кинески воени авиони, заедно со 10 бродови на кинеската морнарица. Од овие авиони, 15 ја поминале средната линија, која е неофицијална граница меѓу Кина и Тајван, но која Пекинг не ја признава.

Други летала, наводно, влегле во зоната за идентификација на ПВО на Тајван, која тајванската војска ја надгледувала со борбени авиони, воени бродови и копнени ракетни системи во состојба на готовност, соопшти Министерството. ссм/

фото: архива

Остани поврзан