• понеделник, 23 декември 2024

Кинески амбасадор: Јужна Кореја се обложува на погрешен играч во американско-кинеското ривалство

Кинески амбасадор: Јужна Кореја се обложува на погрешен играч во американско-кинеското ривалство

Сеул, 9 јуни 2023 (МИА) - Кинескиот амбасадор во Сеул, Ксинг Хајминг, во четвртокот ја предупреди Јужна Кореја дека „станува крив играч“ кога е во прашање американско-кинеското ривалство и ја повика да ја прекине „политиката на одвојување“ од Кина за да ги зајакне економските и дипломатските врски со неа.

Ксинг се состана со лидерот на најсилната јужнокорејска опозициска партија, Ли Јае-Мјунг, кој го критикуваше претседателот на земјата, Јун Сук Јеол, чија дипломатија се залага за сојуз со САД, а не за нејзиниот однос со Кина, главниот трговски партнер на Јужна Кореја.

Амбасадорот го обвини Сеул за „тешкотиите“ во билатералните односи, бидејќи не ги почитува доволно суштинските интереси на Пекинг, вклучително и Тајван, додека од друга страна е забележливо влијанието на САД.

„Односите меѓу Кина и Јужна Кореја се соочуваат со многу проблеми. Искрено, вината за тоа не е во Кина“, рече Ксинг.

Кинеската амбасада изразува надеж дека Јужна Кореја ќе се држи до своите ветувања и ќе ги почитува најважните интереси на Кина, како што е прашањето на Тајван.

Амбасадорот го предупреди Сеул да не донесува „погрешен суд“ за најнаселената земја во светот, особено не поради „мешањето на надворешни фактори како што е американскиот притисок“.

„Во ситуација кога САД вршат притисок на Кина со сите сили, некои се обложуваат дека САД ќе победат, а Кина ќе изгуби. Ова е очигледно погрешна одлука и неправилно толкување на текот на историјата. Ве уверувам, оние кои се обложиле на пораз на Кина, тие дефинитивно ќе зажалат“, рече тој.

Министерот за надворешни работи на Јужна Кореја, како и претседателот Јун, не ги коментираа овие изјави. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан