Кинескиот град Вухан во сообраќајна изолација заради коронавирусот
- Во кинескиот деветмилионски град Вухан, во кој беше регистриран првиот случај на новиот тип на коронавирус, ќе бидат затворените сите сообраќајни и транспортни мрежи, а на граѓаните им е сове
Пекинг, 22 ја нуари 2020 (МИА) - Во кинескиот деветмилионски град Вухан, во кој беше регистриран првиот случај на новиот тип на коронавирус, ќе бидат затворените сите сообраќајни и транспортни мрежи, а на граѓаните им е советувано да не го напуштаат градот, јавија денеска кинеските државни медиуми.
Во прекин е автобускиот, подземниот, траектниот и меѓуградскиот сообраќај, а аеродромот и железничката станица ќе бидат затворени за сите патници во заминување од утре, 23 јануари, во 10 часот по локално време.
Властите ги замолиле граѓаните да не го напуштаат градот без некаква посебна потреба, пренесуваат британските медиуми.
Бројот на жртви од новиот коронавирус во Кина од денеска е нараснат на 17, додека бројот на заболени порасна на 540, соопштија денеска здравствените власти.
Вирусот од Вухан досега се прошири и на други кинески градови, како Пекинг, Шангај, Макао и Хонг Конг, а потврдени случаи има и во САД, Тајван, Тајланд, Јапонија и Јужна Кореја. сд/