Кина ќе гради најголема брана и хидроцентрала во светот
- Кинеските власти најавија изградба на најголема брана и хидроцентрала во светот. Изградбата е предвидена на најдолгата река Јарлунг Цангпо во автономниот регион Тибет

Новата брана ќе биде изградена во Медог и поради тоа ќе бидат иселени 14.000 жители.
Јарлунг Цабгпо извира во западниот дел на Тибет на надморска височина од речиси 5.000 метри. Таа е дел од горниот тек на реката Брахмапутра која тече низ Индија и Бангладеш. ми/