Кина ќе го брани меѓународниот поредок со ОН во неговиот центар
- Портпаролот Гуо Џиакун на редовната прес-конференција изјави дека „без разлика на промените во меѓународната ситуација, Кина цврсто го брани меѓународниот систем со Обединетите нации во неговиот центар, меѓународниот поредок заснован на меѓународното право и основните правила на меѓународните односи засновани на целите и принципите на Повелбата на ОН“, рече тој.
Пекинг, 21 јануари 2026 (МИА) – Кина денеска објави дека ќе го брани меѓународниот систем со Обединетите нации „во неговиот центар“, откако претходниот ден објави дека е поканета да се приклучи на таканаречениот Одбор за мир, предложен од американскиот претседател Доналд Трамп.
Пекинг вчера очекуваше дека САД ќе ја поканат Кина да учествува во Одборот за мир, чија цел е решавање на конфликтите во светот, што генерално се смета за ривал на ОН.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи денеска повторно одби да открие дали Кина ќе ја прифати поканата.
Кина повикува на реформи, но го брани системот на ОН
Портпаролот Гуо Џиакун на редовната прес-конференција изјави дека „без разлика на промените во меѓународната ситуација, Кина цврсто го брани меѓународниот систем со Обединетите нации во неговиот центар, меѓународниот поредок заснован на меѓународното право и основните правила на меѓународните односи засновани на целите и принципите на Повелбата на ОН“, рече тој.
Кина, втората најголема економија во светот и постојана членка на Советот за безбедност на ОН, традиционално го брани системот на ОН, повикувајќи на реформи.сд/ссм/
Фото:ЕПА