• петок, 15 ноември 2024

Кина со најмногу златни медали по десеттиот олимписки ден

Кина со најмногу златни медали по десеттиот олимписки ден

 

Париз, 5 август 2024 (МИА) – Кинеските спортисти со 21 златен медал го задржаа водечкото место по десеттиот натпреварувачки ден на Олимписките игри во Париз.

Со едно златно одличје помалку се САД, пред Австралија со 13, додека домаќинот Франција, како и Велика Британија имаат освоено 12 златни медали.

Меѓу првите десет најуспешни нации се и Јужна Кореја (11 златни медали), Јапонија – 10, Италија – 9, Германија – 7 и Холандија – 6.

Табела:

Кина 21-19- 14 (вкупно 53 медали)

САД 20–30-28 (78)

Австралија 13-11-8 (32)

Франција 12-15-18 (45)

Велика Британија 12-13-17 (42)

Јужна Кореја 11-8-7 (26)

Јапонија 10-5-11 (26)

Италија 9-10-7 (26)

Германија 7-5-4 (16)

Холандија 6-6-4 (16). ег ФОТО: Фејсбук 

Остани поврзан