• недела, 22 декември 2024

Кина најуспешна нација на Параолимписките игри во Токио

Кина најуспешна нација на Параолимписките игри во Токио
Токи, 5 септември 2021 (МИА) - Кинеските спортисти со инвалидитет доминираа на Параолимпсиките игри што денеска завршија во Токио со освоени вкупно 207 медали, од кои 96 златни. Зад Кина на второто места на табелата со освоени одличја се Британците со 124 медали, од кои 41 златни, додека САД се третопласирани со 104 медали и 37 златни одличја На Параолимписките игри настапија спортисти од 163 земји, а медали освоија натпреварувачи од 85 држави. Единствениот македонски спортист на Игрите за спортисти со инвалидитет беше стрелачката Оливера Накоска - Бикова, која најдобар пласман оствари во дисциплината воздушен пиштол 10 метри, освојувајќи го шестото место. ег/ми/  

Тагови

Остани поврзан