Кина лансираше сателит за коминикација меѓу Земјата и Месечината
- Ова е клучен чекор за кинеските истражувачки мисии, како што се собирање примероци од далечната страна на Месечината или откривање на Јужниот пол, пренесува кинеската новинска агенција Ксинхуа.

Пекинг, 20 март 2024 (МИА) - Кина денеска лансираше релеен сателит што ќе обезбедува комуникациски услуги меѓу Земјата и Месечината.
Ова е клучен чекор за кинеските истражувачки мисии, како што се собирање примероци од далечната страна на Месечината или откривање на Јужниот пол, пренесува кинеската новинска агенција Ксинхуа.
Сателитот Чуечијао-2 полета од базата за лансирање на вселенски летала Венчанг, во јужната кинеска провинција Хајнан, и по 24 минути се одвои од носечката ракета.
Лансирањето на сателитот е само првиот чекор, бидејќи остануваат уште неколку важни маневри за сателитот да стигне до посакуваната елипсовидна орбита на Месечината. сд/
фото:ЕПА