• сабота, 21 декември 2024

Кина и Нигерија се договорија да ја зајакнат соработката во рамките на иницијативата „Појас и пат“

Кина и Нигерија се договорија да ја зајакнат соработката во рамките на иницијативата „Појас и пат“

Пекинг, 3 септември 2024 (МИА) – Нигерија и Кина постигнаа договор за зајакнување на билатерални односи во рамките на иницијативата „Појас и пат“, како и за развој на човечки ресурси и нуклеарна енергија, по денешната средба на лидерите на двете земји.

- Сеопфатното стратешко партнерство треба да резултира со силен развој, стабилност и безбедност во западноафриканскиот подрегион, рече нигерискиот претседател Бола Тинубу, кој заедно со лидерите на 50 други африкански земји учествуваше на самитот Кина-Африка 2024.

За време на неговата посета на Кина, Тинубу ја посети истражувачката лабораторија на Хјуавеи и договори компанијата да основа заедничка лабораторија за тестирање на соларна технологија во Нигерија. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан