• вторник, 17 декември 2024

Кина го предупреди Вашингтон за евентуална посета на Пелоси на Тајван

Кина го предупреди Вашингтон за евентуална посета на Пелоси на Тајван

Пекинг, 25 јули 2022 (МИА) - Кинеските власти денеска соопштија дека упатиле строго предупредување до американските власти поради, како што пишува Фајненшл тајмс, евентуална посета на Тајван на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

„Кинеската страна во повеќе наврати јасно им стави до знаење на САД дека силно се противи на посетата на спикерката Пелоси на Тајван. Ние сме целосно подготвени“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан на дневниот брифинг.

Тој изјави дека Кина „ако САД го продолжат својот курс, сигурно ќе преземе цврсти и силни мерки за зачувување на својот национален суверенитет и територијален интегритет, а САД треба да бидат одговорни за какви било сериозни последици“.

Потенцијалната посета на американскиот официјален претставник доаѓа кога Тајван се соочува со притисок од Кина. Во американската администрација има поделби околу тоа дали Пелоси треба да го посети Тајпеј, тврдат два извори запознаени со ситуацијата, објави Фајненшл тајмс.

САД немаат официјални дипломатски односи со Тајпеј, но имаат закон според кој Вашингтон се обврза да му обезбеди на Тајван средства за одбрана. паг/

Остани поврзан