• петок, 22 ноември 2024

Кина ги негира обвинувањата за геноцид во Синџијанг

Кина ги негира обвинувањата за геноцид во Синџијанг
Њујорк, 23 фавруари 2021 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји вчера пред Советот за човекови права на Обединети нации изјави дека Ујгурите и дрругите малцинства во Ксинџијанг имаат верска слобода и работнички права. Тој истакна дека во регионот има „социјална стабилност и силен развој“ и четири години не се забележани терористички напади. Ванг истакна дека во Ксинџијанг има 24.000 џамии и припадниците на сите етнички групи имаат работнички права/ - Овие основни податоци веќе покажуваат дека никогаш не се случил геноцид, присилна работа или задушување на верските слободи во Ксинџијанг. Таквите подбуцнувачки обвинувања се производ на незнаење и предрасуди, тие се злонамерни и политички мотивирани и не можат да бидат повеќе невистинити отколку што се, посочи Ванг. Американска администрација на Џо Бајден минатиот месец го поддржа ставот на претходниот претседател Доналд Трамп дека Кина извршила геноцид во Ксинџијанг и оти поради тоа може да сноси сериозни последици. Додека активистите и експертите на ОН тврдат дека најмалку еден милион муслимани Ујгури се затворени во логори во западниот дел на Кина. Пекинг тврди дека во камповите се одвива обука за занаетчии. ми/

Остани поврзан