• петок, 05 декември 2025

Кина воведе санкции за две европски банки како одговор на мерките на ЕУ

Кина воведе санкции за две европски банки како одговор на мерките на ЕУ

Пекинг, 13 август 2025 (МИА) – Кина денеска воведе контрамерки против две европски банки – UAB Urbo Bankas и AB Mano Bankas – како одговор на санкциите на Европската Унија кон две кинески банки.

Со новите мерки, на кинеските компании и физички лица им се забранува да вршат трансакции или да соработуваат со овие банки.

Двете банки се со седиште во Литванија, која од 2021 година е во дипломатски спор со Пекинг поради отворањето на Тајванска претставничка канцеларија во Вилнус. Тогаш Кина воведе и трговски ограничувања кон балтичката држава.

Санкциите на Пекинг се одговор на последниот пакет мерки на ЕУ насочен кон Русија, усвоен минатиот месец, во кој беа вклучени и две помали кинески банки со седиште близу руската граница. Кина претходно најави дека ќе возврати.

Европската Унија ги воведе санкциите со цел да ја намали воената моќ на Русија во војната против Украина. ссм/

фото: архива

Остани поврзан