Ким: САД не поддржуваат ниту една партија, туку правото на албанските граѓани на слободен глас
- По недипломатска размена на пораки меѓу албанскиот претседател Илир Мета и американската амбасадорка Јури Ким и обвинувањата на Мета дека дипломатката зазема страна во изборите, во својата ре
Тирана, 24 април 2021 (МИА) - По недипломатска размена на пораки меѓу албанскиот претседател Илир Мета и американската амбасадорка Јури Ким и обвинувањата на Мета дека дипломатката зазема страна во изборите, во својата реакција таа порача дека „САД не поддржуваат ниту една партија, туку правото на слободен глас во Албанија“.
Ким на Твитер објави дека во изминатите 48 часа се сретнала со „трите клучни политички фигури во земјата“.
- Денеска се сретнав со лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, како што во изминтите 48 часа се сретнав со лидерот на Социјалистичката партија, Еди Рама и со шефот на државата Илир Мета. Повторуваме дека САД не подржува ниту една партија или кандидат. Ние го поддржуваме апсолутното право на сите граѓани во Албанија да гласаат слободно и во мирна атмосфера, напиша амбасадорката Ким.
Амбасадата на САД во Тирана на Твитер соопшти дека утре ќе го набљудува изборниот процес.
-Ние ќе ги набљудуваме и избирачките места и центрите за броење на гласовите во текот на целиот процес. Ќе бидеме таму додека не заврши работата, соопшти Амбасадата на САД.
Како што претходно информираше амбасадорката Ким изборите ќе ги набљудуваат со 25 екипи. вт/ми/