• петок, 22 ноември 2024

Ким Кардашијан го купила поранешниот имот на Синди Крафорд, за 70,4 милиони долари

Ким Кардашијан го купила поранешниот имот на Синди Крафорд, за 70,4 милиони долари

Малибу, 22 септември 2022 (МИА) - Ким Кардашијан го купила приморскиот имот каде што порано живеела и супермоделката Синди Крафорд, во Малибу, Калифорнија, САД, за 70,4 милиони долари во договор што се затворил минатата недела. Почетната барана цена била 99,5 милиони американски долари.

Продавачи се инвеститорот Адам Вајс и неговата сопруга - глумицата од „Јелоустоун“, Берет Сватек, која го купила домот од Крафорд во 2018 година за 45 милиони долари, пишуваат американските медиуми. Кардашијан пред неколку недели уште два имота - куќа од 5,3 милиони долари во Хиден Хилс и стан од 3,5 милиони во Калабасас. Сместена во ексклузивната населба Енсинал Блафс, вилата во средоземноморски стил од 7.450 квадратни метри се наоѓа на површина од 3,18 хектари. Нуди повеќе платформи, дворови и приватна патека до затскриена плажа. Другите погодности на имотот се тениско игралиште, прибежиште од пожар, базен, камин на отворено и спа-бања - повеќето со поглед на океанот. Внатре во куќата има четири спални соби, шест бањи, повеќе тераси, вежбалница со заоблен таван, како и  соба за гардеробата, којашто Кардашијан сигурно ќе ја искористи. Договорот е најскапиот за недвижен имот во Малибу и четврти најскап во Калифорнија досега оваа година. Леонардо ди Каприо и Нил Дајмонд се меѓу новите соседи на Кардашијан.  си/

Остани поврзан