• понеделник, 23 декември 2024

Ким го смени министерот за економија

Ким го смени министерот за економија
Пјонгјанг, 12 февруари 2021 (МИА) - Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го смени министерот за економија Ким Ту-ил, кој беше именуван минатиот месец и ја критикуваше Владата поради недостиг на инвентивност во изработка на целите за новиот петгодишен економски план, јави денеска севернокорејската новинска агенција КЦНА. За нов министер за економија именуван е О Су-ионг, кој претходно беше потпретседател на Владата. - Владата не ја презеде водечката улога во разработка на плановите за клучните економски области и речиси механички ги спои броевите што ги подготви Министерството, изјави Ким на последниот ден од Централниот комитет на владејачката Работничка партија на Северна Кореја. Ким побарал и поголема самостојност и зголемување на локалното производство на артикли и материјали, откако трговијата со Кина минатата година се намали за 80 проценти поради пандемијата со Ковид-19. Ким вчера на третиот ден од седницата на Осмиот Централен комитет на владејачката Работничката партија на Северна Кореја ја обвини партијата за неуспешното спроведување на преходните реформите, и побара партијата да преземе поконкретна улога во реализација на петгодишниот економски план Тој на првиот ден од седницата побара зголемување на производството на железо, челик и ѓубриво, и ги постави овогодинешните цели во клучните индустриски области - електричната енергија, јагленот, железничкиот транспорт, градежните материјали, лесната индустрија и трговијата. Ким на Осмиот Конгрес на Работничката партија на Северна Кореја призна дека неговиот претходен петгодишен економски плани не ги исполнил целите речиси во сите сектори. Пленарните седници на Централниот комитет обично се одржуваат еднаш годишно на кои се одлучува за политичките насоки. Конгресот на владејачката Работничката партија на Северна Кореја се одржа во јануари и траеше четири дена. ми/

Остани поврзан