Километарски колони на Плетвар, превртено тешко товарно возило кај Топлица
- Тешко товарно возило околу 16 часот се преврте на патниот правец Прилеп - Градско кај местото Топлица. Сообраќајот е прекинат за сите видови возила, лесни патнички и тешки моторни возила - к

Прилеп, 1 март 2021 (МИА) - Километарски колони по 16 часот има на планинскиот превој Плетвар, поради превртено тешко товарно возило кај местото Топлица.
-Тешко товарно возило околу 16 часот се преврте на патниот правец Прилеп - Градско кај местото Топлица. Сообраќајот е прекинат за сите видови возила, лесни патнички и тешки моторни возила - камиони, информира АМСМ.
Засега не е позната причината за несреќата, а полицијата прави увид на местото. мт/ки/