• петок, 22 ноември 2024

Килде опериран, помина без фрактури

Килде опериран, помина без фрактури

Берн, 14 јануари 2024 (МИА) – Норвешката скијачка ѕвезда Александер Амот Килде, кој вечра падна при голема брзина на трката во спуст во швајцарски Венген и заврши во заштитната ограда, е опериран во болница во Берн, но избегна фрактура на коските и повреда на лигаментите на коленото.

„Благодарен сум на сите зборови на љубов и поддршка. Овој спорт може да биде брутален, но сè уште го сакам“, порача 31-годишниот Килде преку социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од болничкиот кревет, заедно со неговата девојка, најдобрата светска скијачка Микаела Шифрин.

Килде доживеа пад пред последниот свиок на спустот во Венген и со хеликоптер беше пренесен во болница.

„Нема скршеници на коските, но е повреден“, изјави др. Марк Јакуб Штраус, кој е на чело на лекарскиот тим под чиј надзор е Килде во болницата во Берн. ег/сд

ФОТО: Икс

Остани поврзан