• понеделник, 01 јули 2024

Кик-боксинг клубот АС од Делчево со пет медали се враќа од Европскиот куп во Сараево

Кик-боксинг клубот АС од Делчево со пет медали се враќа од Европскиот куп во Сараево

Делчево, 8 мај 2023 (МИА) - Кик-боксинг клубот АС од Делчево со пет медали се враќа од Европскиот куп кој викендов се одржа во Сараево. Клубот на престижниот спортски настан учествуваше со тројца претставници предводени од тренерот Љупчо Стојчевски кој по враќањето истакна дека годинава на турнирот имало доста силна конкуренција, но е задоволен од постигнатите резултати.

 

- Во Сараево освоивме два сребрени и три бронзени медали. Давид Стоименовски освои сребро во лоу-кик и поинт-фајт,  Павел Стојчевски освои два бронзени медали во поинт-фајт и лоу-кик и Андреј Митков има еден бронзен медал во дисциплината лоу-кик. Иако досега редовно се враќавме со по некој златен медал сепак и овој успех е одчичен ако се има предвид конкуренцијата, рече Стојчевски.

 

Делчевските претставници беа дел од македонската кик-боксинг репрезентација која настапи со 64 претставници од вкупно 60 клубови.

 

Покрај натпреварувачи од Балканските земји на турнирот во Сараево учествуваа и околу 750 кик-боксери од Словачка, Австрија  Израел, Сингапур и други земји. вс/

Остани поврзан