• понеделник, 20 мај 2024

Киев: Русија ноќеска лансира 28 дрона врз Украина, само четири не се соборени

Киев: Русија ноќеска лансира 28 дрона врз Украина, само четири не се соборени

Киев, 22 декември 2023 (МИА) – Украинската армија утринава соопшти дека во текот на изминатата ноќ руските сили повторно лансирале десетици беспилотни летала врз Украина, а повеќето од нив се соборени. 

Русија употребила 28 беспилотни летала од типот „Шахед-136/131“, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина на својата Фејсбук страница. 

Според информациите на армијата, само четири непријателски беспилотни летала не се уништени, пренесува Униан. 

Во текот на ноќта во главниот град Киев се слушнаа експлозии, а против беспилотните летала дејствуваа силите на украинските сили за воздушна одбрана, соопшти армијата. 

Остатоците од погодените дронови паднаа во областите Соломенски, Дарнички и Голошејевски и притоа беа оштетени станбени згради. Според првичните информации две лица се повредени, од кои едното е хоспитализирано. 

Според Униан, нема извештаи за жртви во овој напад.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан