• недела, 22 декември 2024

Киев и Вашингтон дискутираа за линијата на фронтот во Украина

Киев и Вашингтон дискутираа за линијата на фронтот во Украина

Киев, 20 февруари 2024 (МИА) – Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров денеска изјави дека тој и новиот врховен командант на украинската армија, Олександр Сирски телефонски разговарале за ситуацијата на фронтот во речиси двегодишната војна со Русија и за испораките на муниција со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Умеров на Фејсбук го опиша разговорот како „продуктивен“.

- Генералот Сирски даде ажурирани информации за моменталната динамика на фронтот, напиша тој на англиски. „Се разговараше за општото разбирање на ситуацијата и планот за акција. Во центарот на вниманието беше и снабдувањето со муниција“, додаде Умеров. јт/

Остани поврзан