• сабота, 23 ноември 2024

Киднаперите го напуштиле бродот крај брегот на ОАЕ

Киднаперите го напуштиле бродот крај брегот на ОАЕ
Дубаи, 4 август 2021 (МИА)Киднаперите кои се качиле на бродот крај брегот на Обединетите Арапски Емирати во Оманскиот Залив го напуштиле, соопштија денеска британските власти, без дополнителни детали и објаснувања. Денешното соопштение на Дирекцијата за поморски трговски операции на Велика Британија (УКМТО) следеше откако британската морнарица предупреди за потенцијално киднапирање под нејасни околности, што се случи претходната ноќ. Се уште не е официјално познато кој е одговорен за обидот за киднапирање, ниту точно кој брод бил цел, а два трговски товарни брода кои вчера се најдоа на брегот на Обединетите Арапски Емирати,издадоа предупредувања дека изгубиле контрола над управувањето со бродовите под нејасни околности . Нафтениот танкер „Голден брилијант“ и товарниот брод „Камдин“ пријавија дека „немаат контрола“ над пловните објекти, што обично значи дека бродот повеќе не може да се управува, а три извори од британската воена служба за надзор на поморски операции вчера објавија дека товарниот брод „Asfalt Princes” бил заробен од проиранските сили во заливот крај брегот на ОАЕ, а британската поморска агенција за трговија објави за „потенцијално киднапирање“. Иранската револуционерна гарда негираше дека иранските сили или сојузници биле вклучени во акцијата против кој било брод во близина на брегот на ОАЕ и порача дека овој инцидент е изговор за непријателски дејствија против Техеран. Инцидентот се случи во услови на зголемени тензии меѓу Иран и Западот поради доцнењето во обновувањето на нуклеарниот договор и откако трговскиот транспорт во регионот се најде на удар кога САД, Велика Британија и Израел го обвинија Иран за нападот на танкерот кај брегот на Оман, во кој загинаа две лица, а Техеран ја негираше својата вмешаност. паг/  

Остани поврзан