• сабота, 10 август 2024

Кенијката Чебет го освои второто злато на Олимпијадата во Париз

Кенијката Чебет го освои второто злато на Олимпијадата во Париз

Париз, 9 август 2024 (МИА) - Кениската атлетичарка Беатрис Чебет стана олимписка шампионка на 10.000 метри на Игрите во Париз.

Дваесет и четиригодишната тркачка на долги патеки вечерва 10 км истрча со време 30 минути 43,25 секунди.

Италијанката Надија Батоклети стигна втора на целта, бронзата ја освои Сифан Хасан од Холандија.

Чебет го освои своето второ злато на Олимписките игри во Париз, откако претходно беше прва на 5.000 метри. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан