• вторник, 24 декември 2024

Кениска доминација на Скопскиот маратон, Киплагат и Матебо најбрзи

Кениска доминација на Скопскиот маратон, Киплагат и Матебо најбрзи

Скопје, 1 октомври 2023 (МИА) – Виктор Киплагат од Кенија победи денеска на Скопскиот маратон, пред неговиот сонародник Чериот Лабан, додека трет низ целта мина македонскиот атлетичар Дарио Ивановски.

Киплагат патеката долга 42 километри ја истрча во време од 2:15:09 часа и во доминантен стил ја однесе победата на 19. издание на Скопскиот маратон.

Втор низ целта мина неговиот сонародник Лабан со време од 2:16:03, додека третото место го освои македонскиот рекордер во маратон Дарио Ивановски со резултат 2:19:08.

Во женска конкуренција победи Рут Матебо од Кенија со време 2:8,48. Во полумаратонската трка во должина од 21 километри најбрзи беа Адријана Поп Арсова во женска и Бен Фелтон од Велика Британија во машка конкуренција. ег/аа/

ФОТО: МИА

Остани поврзан