• петок, 22 ноември 2024

Кевин Портер го прекрши протоколот на НБА со постеа на стриптиз-клубот

Кевин Портер го прекрши протоколот на НБА со постеа на стриптиз-клубот
Хјустон, 22 април 2021 (МИА) – Кошаркарот на Хјустон рокетс, Кевин Портер го прекрши протоколот за здравје и безбедност на НБА-лигата, кога го посети стриптиз-клубот во Мајами. Портер нема да може да игра барем до недела. Протоколот за лигата го ограничува бројот на места што играчите можат да ги посетуваат за време на излегувањето. Играчот на Хјустон го посети стриптиз клубот со неговиот клупски колега Стерлинг Браун, кој беше нападнат истата вечер и удрен со шише во главата. зс/

Остани поврзан