• недела, 22 декември 2024

КГБ: Во Белорусија се планирани терористички напади

КГБ: Во Белорусија се планирани терористички напади
Минск, 10 март 2021 (МИА) - Во Белорусија се планирани терористички напади, а потенцијални цели биле државните институции и некои државни службеници, тврди шефот на белоруската разузнавачка служба (КГБ), Иван Тертел. Тој за ТВ каналот Белорусија 1 изјави дека планираните терористички напади се закана да убијат голем број луѓе. Како што објави ТАСС, Тертел вети дека агенциите за безбедност ќе ги преземат сите неопходни чекори за да спречат евентуален негативен развој на ситуацијата. Тертел рече дека белоруските безбедносни агенции неодамна пронашле магацин со големо количество ТНТ, пластичен експлозив и разни опасни направи што можат да ја дестабилизираат состојбата во земјата. - ТНТ што го најдовме се мери во килограми. Пронајден е многу експлозив. КГБ во оваа прилика приведе организирана група, а уапсените имаа детална обука и искуство во учество во акции на воени територии, рече Тертел. паг/

Остани поврзан