• четврток, 26 март 2026

Кварацхелија ќе го пропушти натпреварот со Барселона

Кварацхелија ќе го пропушти натпреварот со Барселона

Барселона, 30 септеври 2025 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на ПСЖ, Квича Кварацхелија нема да игра на натпреварот против Барселона во второто коло од Лигата на шампионите, објави прес-службата на клубот од Париз.

Дваесет и четиригодишниот Грузиец се повреди во победата од 2:0 над Оксер во 6. коло од француската Лига 1.

ПСЖ ќе игра против Барселона на гостински терен утре, 1 октомври со почеток во 21 часот.

И ПСЖ и Барселона со победа ја почна новата сезона во елитното фудбалско натпреварување. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан