Кварацхелија: ПСЖ ќе се обиде да го даде својот максимум и да се пласира во следната рунда
- Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Квича Кварацхелија ги искажа впечатоците по синоќешната победа од 4:0 над Аталанта во првото коло од Лигата на шампионите.
Париз, 18 септември 2025 (МИА) - Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Квича Кварацхелија ги искажа впечатоците по синоќешната победа од 4:0 над Аталанта во првото коло од Лигата на шампионите.
- Среќни сме со победата. Аталанта е многу добар тим, но мислам дека ова беше наш натпревар. Дадовме сè од себе. Нè очекуваат добри натпревари и затоа станавме шампиони минатата сезона. Разбираме дека за да го освоиме турнирот, треба да се соочиме со најдобрите. Ќе се обидеме да го дадеме најдоброто од себе и да се пласираме во следната рунда, изјави Кварацхелија по мечот.
Во второто коло од Лигата на шампионите, ПСЖ ќе игра против Барселона на гости, додека Аталанта ќе биде домаќин на Клуб Бриж. зс/
Фото: ЕПА