Квалификации СП2026: Италија без Скамака
- Фудбалерот на Аталанта, Џанлука Скамака, нема да игра за италијанската репрезентација на претстојните септемвриски квалификациски натпревари за пласман на Светското првенство 2026 против Естонија и Израел, објави денеска Италијанската фудбалска федерација (ФИЦГ).
Рим, 4 септември 2025 (МИА) – Фудбалерот на Аталанта, Џанлука Скамака, нема да игра за италијанската репрезентација на претстојните септемвриски квалификациски натпревари за пласман на Светското првенство 2026 против Естонија и Израел, објави денеска Италијанската фудбалска федерација (ФИЦГ).
„Ова утро, Скамака го напушти кампот на репрезентацијата, бидејќи не се опорави целосно од мускулниот проблем што го почувствува кога пристигна“, се наведува во соопштението на ФИЦГ.
Скамака, кој има 20 настапи за Азурите, ја пропушти целата сезона 2024/25 поради повреда на коленото, но во својот камбек во Серија А постигна гол во ремито против Рома (1:1).
Селекторот Џенаро Гатузо одлучи да не повика дополнителниот напаѓач како замена за Скамака.
Италија ја пречекува Естонија в петок во Бергамо, а ќе игра против Израел в понеделник во унгарски Дебрецен. ег
ФОТО: ЕПА