• недела, 17 ноември 2024

Квалификации ЕП 2025: Македонските кошаркари ја совладаа Норвешка

Квалификации ЕП 2025: Македонските кошаркари ја совладаа Норвешка
Гевгелија, 10 ноември 2022 (МИА) – Македонската машка кошаркарска репрезентација ја продолжи победничката низа во претквалификациите за пласман на Европското првенство 2025, откако вечерва во Гевгелија ја совлада Норвешка со убедливи 58-36 во рамки на третото коло во групата Д. Македонските кошаркари одлично влегоа во натпреварот и со цврста игра во одбраната го сведоа противникот на само 16 постигнати поени по првото полувреме во кое предноста на „црвено – жолтите“ изнесуваше +16 (34-18). Победата на македонскиот тим не беше доведен во прашање во ниту еден момент во продолжението, а кон средина на четвртина предноста достигна највисоки +23 (55-32). Најефикасни во македонските редови беа Војдан Стојановски и Бојан Крстевски со по 14 поени, а забележителен дебитантски настап имаше и новото засилување Ти - Џеј Шортс. Во вториот натпревар во групата Д одигран вечерва, Словачка на домашен терен ја совлада Данска со 74-70. По три одиграни натпревари Македонија е единствена со максимален ефект во групата пред Норвешка (2-1), Словачка (1-2) и Данска (0-3). Ноемврискиот циклус во претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2025 избраниците на селекторот Александар Јончевски ќе го заокружат в недела против Данска во Гевгелија, по што преостануваат два дуели во февруари на гостински терен против Словачка и Норвешка. ег/аа/

Остани поврзан