• вторник, 14 мај 2024

Квадрадо се сели во Интер како дел од договорот со Икарди?

Квадрадо се сели во Интер како дел од договорот со Икарди?
Милано, 13 април 2020 (МИА) - Интер ќе се обиде да го привлече крилото на италијанскиот хегемон Јувентус, Хуан Квадрадо, пренесува „Калчомеркато“. Тренерот на „нероазурите“, Антонио Конте лично инсистира на зајакнување со колумбискиот репрезентативец. Стратегот го напушти Торино пред неколку години, затоа што тогаш „старата дама“ одби да го донесе Куадрадо, што подоцна и се случи. Но, сега ситуацијата е поинаква. Интер планира да го вклучи халфот како дел од договорот со Мауро Икарди. Тој веќе подолго време е посакуван од Јуве, што може да ги искуши „бјанконерите“. Квадрадо има договор до 2022 година. Во текот на оваа сезона, Маурисио Сари го искористи главно како десен бек, но неговата сила е во нападот. Пред да сопре фудбалот поради пандемијата од коронавирус, Колумбиецот одигра 32 натпревари на сите турнири. Тој постигна 2 гола и 4 асистенции.

Тагови

Остани поврзан