• вторник, 09 декември 2025

КБК Самурај: Македонија без ниедна натпреварувачка на СП во Абу Даби, ова е дискриминација на жените во македонскиот кикбокс

КБК Самурај: Македонија без ниедна натпреварувачка на СП во Абу Даби, ова е дискриминација на жените во македонскиот кикбокс

Битола, 18 ноември 2025 (МИА) - Кикбокс клубот Самурај од Битола реагира на одлуката на Кик бокс маитаи федерацијата на Македонија (КМФМ) и на изборот на селектор Дејан Митровски, за претстојното Светско првенство. 

Од битолскиот тим потенцираат дека во Македонија има кикбоксерки кои имаат резултати за настап на СП и дека ваквата одлука на селекторот претставува дискриминација на жените во кикбоксот.

- Од 14 до 16 Ноември, во Загорје об Сави, во Словенија, се одржа 39. Европски куп „Словенија Опен“, на кој учествуваа осум држави со 95 клубови, со над 500 натпреварувачи со 711 влезови. Единствен претставник од нашата држава беше кикбоксерката Леа Бошевска, од клубот КБК Самурај од Битола. Леа настапи во две дисциплини, и тоа во Лајт контакт, каде освои сребрен медал, а веднаш потоа во дисциплината киклајт - 50 килограми во сениорска конкуренција во која освои злато. Леа имаше вкупно три борби, во кои убедливо доминираше, со што ја подигна целата публика во преполната спортска сала, при што освои златен медал и пехар за Македонија.
Тренерите на КБК Самурај презадоволни од подготвеноста и натпреварувачката форма на Леа, истакнуваат дека тука нема застанување, бидејќи следува настапот на Балкански куп во Ниш од 12 до 14 декември, каде Кикбокс клубот Самурај ке настапи со поголем број на натпреварувачи.
Со оглед на горенаведеното, јасно е дека Леа Бошевска е една од најдобрите кикбоксерки во Македонија во сениорска конкуренција, меѓутоа селекторот Дејан Митровски - Урко, кој воедно е и претседател на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија, одлучи на светското првенство кое ќе се одржи од 21 до 30 ноември во Абу Даби, да отпатува со осум кикбоксери, без нити една кикбоксерка, со што направи целосна дискриминација на жените во кикбоксот.
Само за напомена, секоја година Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија добива финансиска помош за развој на женскиот спорт, поточно за поддршка на жени во кикбоксот. Поради кои причини, селекторот, кој воедно е и претседател на КМФМ се одлучи на ваков чекор, дискриминирајќи ја целата женска популација во спортот, посебно во кик боксот, останува тој јавно да се произнесе.
Ние како тренери и клубови од Македонија, а и целата македонска јавност, како и сите организации кои се бават со развој на женскиот спорт, заслужуваме одговор, стои во соопштението на КБК Самурај.

што ќе се одржи од 21 до 30 ноември во Абу Даби. Во македонската репрезентација нема ниту една претставничка во женска конкуренција.

Светското првенство ќе се одржи од 21 до 30 ноември во Абу Даби. Во македонската репрезентација нема ниту една претставничка во женска конкуренција. зс/

Фото: КБК Самурај

Остани поврзан