• петок, 22 ноември 2024

Кање Вест си го промени името

Кање Вест си го промени името
Лос Анџелес, 19 октомври 2021 (МИА) - Американскиот рапер Кање Вест законски си го промени личното име во Је, откако Судот во Лос Анџелес го одобри неговото барање, пренесуваат американските медиуми. Тој поднесе барање во август оваа година да си го смени името Кање Омари Вест во - „Ye“, без средно име и презиме, наведувајќи ги „личните причини“ како повод за промената. Судијката на Врховниот суд во Лос Анџелес, Мишел Вилијамс Корт сега го одобри неговото барање. Раперот на Твитер во 2018 година објави дека „порано бил познат како Кање Вест“, но сега бил само Је. Истата година, тој го издаде и албумот „Ye“. Тоа е еднакво на зборот „ти“ во архаичен облик на множина од второ лице („вие“) во стариот англиски јазик.  си/

Остани поврзан