• четврток, 26 март 2026

Кац: Нема да има мир во Либан без гаранции за безбедноста на Израел

Кац: Нема да има мир во Либан без гаранции за безбедноста на Израел

Ерусалим, 26 ноември 2025 (МИА) – Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска предупреди дека нема да има мир во Либан без гаранции за безбедноста на Израел.

- Нема да дозволиме никаква закана за жителите на север, максималниот притисок ќе продолжи, дури и ќе се интензивира, рече Кац во израелскиот парламент.

Тој додаде дека без безбедносни гаранции за Израел, „нема да има мир во Бејрут ниту ред и стабилност во Либан“.

Израел ги интензивираше воените операции во Либан во последните недели, и покрај договорот за прекин на огнот. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан