• четврток, 30 јануари 2025

Кац: Израелската војска ќе остане во Џенин по завршувањето на операцијата на Западниот Брег

Кац: Израелската војска ќе остане во Џенин по завршувањето на операцијата на Западниот Брег

Џенин, 29 јануари 2025 (МИА) - Израелската војска ќе го задржи своето присуство во Џенин и по операцијата на Западниот Брег, бидејќи градот се смета за упориште на палестинските милитанти, изјави денеска израелскиот министер за одбрана Израел Кац, цитиран од ДПА.

„Бегалскиот камп Џенин никогаш повеќе нема да биде ист“, рече Кац, додавајќи дека по завршувањето на сегашната операција, војската ќе остане во градот за да се осигура дека теророт нема да се врати.

На 21 јануари, израелската војска започна голема операција во Џенин, наречена „Железен ѕид“. Според палестинското Министерство за здравство, 16 лица, меѓу кои и цивили, загинале во областа Џенин.

„Целта на операцијата е да се разбие терористичката инфраструктура изградена во палестинските кампови со иранско финансирање и опрема“, рече Кац, нагласувајќи дека операцијата ќе биде проширена.

Тој ја обвини палестинската управа, која управува со делови од окупираниот Западен Брег, дека финансира терор и убиства на Евреи. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан