• петок, 22 ноември 2024

Кацарска: Целта на европската интеграција е квалитетна администрација, погубно ќе биде ако надвладеат само прашања за етничката припадност

Кацарска: Целта на европската интеграција е квалитетна администрација, погубно ќе биде ако надвладеат само прашања за етничката припадност
Скопје, 20 септември 2022 (МИА) - За да имаме напредок во реформата во јавната администрација ќе мора паралелно да се почитуваат принципите на етничката застапеност и на МЕРИТ. Погубно ќе биде доколку надвладеат само прашања за етничката застапеност, изјави денеска Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика - Скопје (ЕПИ) -Балансерот и неговото функционирање мене не ми е објаснет. Целта на европската интеграција како таква е да обезбеди квалитетна администрација која што ги почитува принципите на МЕРИТ во согласност со она што се нашите заложби за правична застапеност. За нашиот напредок, веројатно, во реформата на јавната администрација ќе мора да се почитуваат овие два принципи паралелно. Доколку само надвладеат прашањата за етничката припадност ќе биде погубно, но повторно велам во нашето законодавство го имаме и мораме да изнајдеме начин заедно да функционираат правичната застапеност и принципот на МЕРИТ. Тоа се работи без кои не можеме да се движиме напред, рече Кацарска. ЕПИ денеска организираше настан на кој ги презентираше резултатите од Националната дебатна анкета за изборниот систем и реформите во изборниот процес во Северна Македонија. ев/са/  

Остани поврзан