Катар: Хамас потврди дека ги добил лековите наменет за заложниците во Газа
- Хамас потврди дека ги добил лековите и дека почнал да ги доставува до заложниците во Газа, соопшти денеска катарското Министерство за надворешни работи.

Доха, 20 февруари 2024 (МИА) – Хамас потврди дека ги добил лековите и дека почнал да ги доставува до заложниците во Газа, соопшти денеска катарското Министерство за надворешни работи.
Катар и Франција посредуваа во договорот меѓу Израел и Хамас во јануари за итна испорака на медицински материјали за заложниците кои ги држи Хамас во Газа.
За возврат треба да се достави хуманитарна и медицинска помош до цивилите во таа палестинска енклава.
- Катар ги доби овие потврди како посредник во договорот кој вклучува испорака на лекови и испорака на хуманитарна помош за цивилите во Појасот Газа, особено во најзагрозените и најоштетените области, во замена за испорака на лекови кои се неопходни за заложниците во Газа, изјави портпаролот на катарското Министерство, Маџет Ал Ансари. јт/
Фото: МИА архива