Катар: Потребни се дополнителни детали и преговори за планот за Газа
- Заливската држава Катар смета дека е потребно да се разјаснат деталите и да се одржат дополнителни преговори околу планот за мир за појасот Газа, кој го предложи американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе ДПА.
Каиро, 30 септември 2025 (МИА) – Заливската држава Катар смета дека е потребно да се разјаснат деталите и да се одржат дополнителни преговори околу планот за мир за појасот Газа, кој го предложи американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе ДПА.
- Планот се уште е во почетна фаза и треба дополнително да се развие и објасни, изјави денеска катарскиот премиер Мохамед бин Абдурахман Ал Тани за Ал Џезира.
Тој посочи дека особено е потребно разјаснување во врска со механизмот за повлекување на израелските трупи од крајбрежната област.
Планот што го претстави Трамп бара „дискусија за деталите и како тие треба да се спроведат“, рече Ал Тани.
Иако главната цел е наведена како завршување на војната помеѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас, тој истакна дека „се уште се потребни разјаснувања и дополнителни детали за кои се потребни преговори“. јт/
Фото: ДПА